Оваа катедрала „вработува“ мачки: Најстарата врата за мачки во светот е направена во 14 век

Фото: Принтскрин Твитер

Во средновековните денови, катедралите биле преплавени со глувци и стаорци. За да ги држи штетниците под контрола, прекрасната катедрала во Ексетер – формално позната како катедрала Свети Петар, Ексетер„вработува“ мачки со векови.

Тие дури направиле и влез за мачки на една од вратите, издлабувајќи отвор со големина на мачка во дрвото. Овој симпатичен знак за почитта кон овие специјални станари, ја фасцинираше интернет публиката. Постојат дури и историски докази кои покажуваат дека тие биле добро платени за нивните ловечки услуги.

Катедралата Ексетер била изградена во текот на неколку векови од средновековниот период. Има две нормански кули кои датираат од 1133 година. Куполата од 13 век има декадентен дрвен засводен таван.

Поголемиот дел од камениот олтар бил подигнат во 14 век, вклучувајќи го и прекрасниот издлабен епископски трон.
Со оглед на големината на овој верски центар, потребни биле многу раце за да може да работи непречено. Меѓу помагачите имало чувари – работници во катедралата кои ги надгледувале работите како ѕвоното и свечените одежди. Друга посебна должност се чини дека била плаќањето на катедралната мачка.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Овие корисни мачки имале древна вратичка за мачки, дупка исечена на вратата на Северната кула. Водела внатре во катедралата, под прекрасен средновековен астрономски часовник, каде што мачките можеле да трчаат во потрага по глувци.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Во замена за услугата, мачките била добро платени. Од 1305 до 1467 година, платите на мачките се појавуваат во записите на катедралата.

Според некои забелешки, „на чуварите или мачките“ им биле давани по 13 пени. Платата на мачката, која изнесувала едно пени неделно, веројатно ја користел нејзиниот сопстевник.
Како што известува „Мај модерн мет“ (MyModernMet), две мачки биле на платен список кога трошоците се удвоиле на 26 пени помеѓу 1363 и 1366 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот