Оваа храна ни ја одзема енергијата, избегнувајте ја што повеќе

pixabay

Постојано се чувствувате уморни? Ви недостига енергија? Проверете дали често конзумирате од овие намирници.

Постојат намирници кои ни даваат енергија и намирници кои ни ја одземаат енергија. Прочитајте кои намирници треба да ги избегнувате за да чувствувате поголема енергија.

Вештачки засладувачи 

После варењето се создаваат нискокалорични шеќерни алкохоли како што се манитол, собиток и ксилитол, кои го вознемируваат желудникот и може да дојде до надуеност што пак, ја одзема енергијата. Подобро е да ги избегнувате или да ги ограничите во употреба. Тоа важи дури и за мастиките за џвакање кои се со вештачки засладувач.

Индустриски обработена храна

Чоколадата и чипсот даваат експресна доза на енергија, но процесуираната храна бргу преминува во крвта што предизвикува нагло бранување на енергијата, односно еднакво нагло паѓање на енергијата.

Не јадете само слатко

Чоколадото или десертот обидете се секогаш да го јадете после оброк во кој биле застапени протеини и масти. Тоа ќе ја забави апсорцијата на шеќер и ќе спречи пад на енергијата и нагли промени на шеќер во крвта.

Недоволен внес на вода

Ако сте дехидрирани, волуменот на крвта паѓа, па во мускулите и виталните органи се пренесува помалку кислород поради што ќе се чувствувате изморени.

Навечер пиете алкохол

Не само што алкохолот доведува до дехидрација, туку тој го ремети и сонот ако го конзумирате три до четири часа пред спиење.

Енергетски напивки

Најголемиот дел на енергетските напивки содржат кофеин, шеќер и многу хемикалии кои нагло ќе ви дадат сила. Но тоа кратко ќе трае, потоа следува нагло паѓање на енергијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот