Ова се судиите кои задутре ќе ја изречат конечната пресуда за Ратко Младиќ

Петмина судии ќе одлучуваат за судбината на Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор според првостепената пресуда.

За два дена, на 8 јуни, последната пресуда ќе му биде изречена на Ратко Младиќ пред Меѓународниот механизам за кривични судови. Петмина судии ќе одлучуваат за судбината на Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор според првостепената пресуда, објави Аваз.

Ниту еден од петте судии не е од Европа, но четворица се од африканскиот континент, додека еден е од Јамајка.

Приска Матимба Нјамбе е од Замбија и претседава со Апелацискиот совет за случајот Младиќ. Мустафа Ел Бааж е од Мароко, а во 2018 година беше вклучен во списокот на судии во режим на подготвеност на Меѓународниот механизам за остатоци за кривични судови.

Амината Н’Гум е од Гамбија, чие државјанство го има по бракот со граѓанин на Гамбија, додека има и државјанство на Зимбабве засновано на државјанството на нејзините родители.

Елизабет Ибанда-Нахамја е од Уганда и нема многу информации за неа на Интернет. Сејмут Пентон е од Јамајка. Тој беше судија на Големиот суд на Кајманските острови помеѓу 2001 и 2006 година и ја доби стипендијата Фулбрајт за набervationудување на американскиот судски и законодавен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот