Ова се петте најважни работи околу делта сојот

Unsplash
Unsplash

Кога прв пат по цела година се осети малку надеж, или барем се доби внимателен оптимизам кај луѓето дека пандемијата може да се повлече, се појави новата најопасната варијанта на корона вирусот, индискиот делта сој.

Делта сојот моментално предизвикува голема загриженост, таа е многу заразна, поопасна и прв пат беше идентификувана во декември минатата година во Индија.
Во Индија, сојот брзо се прошири, а потоа се појави и во Велика Британија, покажувајќи се поголеми бројки на заразени и мртви. Пред неколку месеци беше соопштен и првиот случај со делта сојот во САД, а тој брзо се шири и во Европа.

Ова се пет битни работи што треба да ги знаеме за делта сојот:

1. Делта е позаралив од останатите варијанти

Називот на делта сојот е Б. 1.617.2., мутација на вирусот САРС-КоВ-2. СЗО велат дека оваа варијанта на вирусот е најбрза и најсилна. Таа се шири 50 % побрзо од алфа варијантата.

Епидемологот од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил, Ф. Пери Вилсон вели дека во услови кога никој не е вакциниран делта сојот многу побрзо се шири и е многу поопасен.

2. Ризик за невакцинираните

Невакцинираното население е изложено на најголем ризик. Децата и младите се исто така причина за загриженост.

Според едно истражување во Британија, децата и младите под 50 години имаат 2,5 пати повеќе шанси да се заразат со делта варијантата.

3. Делта може да предизвика „хиперлокално жариште“

Ако делта сојот продолжи да се шири доволно брзо за да ја забрза пандемијата, Вилсон вели дека најважните прашања ќе се прашуваат околу преносувањето, колку луѓето ќе се заразуваат со неа и колку брзо ќе се шири.

Одговорите на тоа може да зависат од местото каде живеете и колку од луѓето околу вас се вакцинирани.

4. Различни симптоми

Битно прашање е дали од делта сојот потешко би се разбореле отколку од оригиналниот вирус.
Вилсон смета дека делта варијантата е поштетна и со потешки симптоми. Според истражувања во Шкотска, невакцинираните луѓе од варијантата имаат поголеми шанси да завршат во болница отколку вакцинираните. Вакцините го намалуваат ризикот.

5. Вакцинирањето е најдобрата заштита против делта варијантата

Најдоброто нешто што може да го направиме да се заштитиме од делта варијантата е да се вакцинираме, велат лекарите. Тоа значи дека мора да се добијат двете дози на вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот