Отворени граничните премини во државата, за ПЦР тест се чека и по шест часа (ФОТО+ВИДЕО)
Од денеска се отворени сите гранични премини во државата, со тоа што за влез е потребно да се приложи валиден негативен тест за коронавирус, не постар од 72 часа.
Препорачано
Веднаш по самото отворање на границите многумина кои престојувале во Виена, Германија, Хрватска и други земји чекаа за влез во државата, а дел од нив, како што можевме да видиме на граничниот премин „Табановце“, чекале и по 3 часа за да ги поднесат документите.




Според одлуката на владата, сите оние кои ќе пристигнат во државата откако ќе поднесат негативен ПЦР тест треба да потпишат изјава за самоизолација во рок до 14 дена, што според повеќето граѓани кои ги анкетиравме е неприфатливо, бидејќи како што велат тие се здрави и не гледаат причина зошто е потребно да останат во двонеделен карантин.
Од друга страна, многу лица кои денеска пристигнаа во државата преку граничниот премин „Табановце“, а не се тестирани на Ковид-19, велат дека за ПЦР тестот се чека по шест часа, па дури и повеќе.
Во продолжение погледнете во видеото:


