Откриено кој стои зад убиството на Зоран Џинџиќ? Учествувале луѓе од полицискиот врв и британска служба

Фото: Профимедиа

Англиски шпион од службата М16 раководел со акцијата за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ, а пред и по атентатот тој бил забележан во канцеларијата на еден висок српски офицер на МУП-Србија, пренесува еспресо.рс.

Извор за српските медиуми открива дека високорангираниот англиски известувач бил виден во седиштетот на МУП и бил задолжен за да го прикрие убиецот.

– Тој легално престојуваше во нашата земја и беше задолжен за доведување на снајперист од Лондон кој го уби Џинџиќ. Пред и по убиството на Џинџиќ тој е виден кај наш висок полициски функционер, а бил задолжен да го прикрие целиот случај и истрагата да ја насочи во сосема погрешна насока. Според моите информации, тој сега се наоѓа во Украина – открил изворот за Ало.рс.

Според неговите зборови, англискиот известувач ден пред убиството на Џинџиќ, 11 мај 2003 година, го довел Хил, еден од најдобрите англиски снајперисти, како и неколку луѓе со него, а по атентатот се погрижил тие во рок од три часа да ја напуштат земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот