Откриено како загинал ученикот од Хрватска во Прага: Трагедијата се случила поради игра

Фото: RTL/printscreen

Истрагата за трагичната смрт на 17-годишниот ученик од гимназијата во хрватскиот град Пореч, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е во тек, а надлежните го објавија првичниот извештај за тоа што се случувало ноќта меѓу петокот и саботата на петтиот кат од зграда во која матурантите биле во во ноќен клуб.

Според соучениците кои биле присутни кога се случила трагедијата, момчето се обидувало да изведе трик преку оградата од балконот, но не успеал и паднал.

„Од очевидци полицијата утврдила дека се работи за несреќен случај. Младиот човек ја прескокнал оградата на балконот од ресторанот на петти кат и најверојатно сакал да изведе „паркур“-трик. Станува збор за умешноста за надминување одредени препреки. За жал, при тој скок тој падна на отворен простор“, изјави хрватската амбасадорка во Чешка, Љиљана Панциров.

Таа додаде дека обдукцијата многу брзо ќе биде завршена и дека телото на момчето ќе биде пренесено во Хрватска во најбрз можен рок.

Пред училиштето во Пореч, ученици и граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи. На соучениците на загинатото момче и на наставниците им се дава психолошка помош, вклучен е кризен тим, експерти, психолози. Посебните протоколи се почитуваат и се следат и се формираат советодавни одбори. Прво се работи со учениците кои беа сведоци на трагедијата. Се организираат и специјални родителски состаноци. Сето тоа е направено за да се избегнат дополнителни последици, пишува ХРТ.
„Можеби ваквите патувања треба да се откажат во иднина“

Градоначалникот на Пореч, Лорис Першуриќ, извести дека кризниот штаб за вакви ситуации во Истарскиот Округ започнува со психолошка помош, која, како што вели, ќе им биде потребна на сите.

„Многу е тешко да се потисне, спречи што било од ова, но дефинитивно во иднина можеби ќе треба да гледаме поинаку, а можеби дури и да ги откажеме ваквите патувања“, вели Сузана Хитец, претседател на Здружението на хрватски средношколци.

Хрватските средношколци се вратија од Прага во Пореч по трагичната смрт на нивниот соученик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот