Откриено чоколадо старо 120 години што може да се јаде!

принтскрин/Youtube

Националната библиотека на Австралија меѓу колекцијата на лични работи на австралискиот поет Бенџо Патерсон открила кутија со чоколадо старо 120 години, кое за чудо може да се јаде.

Австралиските конзерватори го откриле чоколадото во лимена кутија што им била дадена на војниците за време на Бурската војна во Јужна Африка.

Речиси 120 години подоцна, чоколадото било речиси недопрено, на општо изненадување на експертите.

Почувствувавме интересен мирис додека ја отворавме кутијата. Тогаш сфативме дека станува збор за завиткано чоколадо, ставено во кутија – рекла Џенифер Тод за Еј-би-си.

Чоколадите и лимените кутии ги нарачала кралицата Викторија за војниците што се бореле во Бурската војна за да бидат испратени на бојното поле. На секоја од нив биле втиснати зборовите

Јужна Африка 1900 година. Ви посакувам среќна Нова година, Викторија Р.И.“.

Производителот на чоколадото „Кедбери“ добил нарачка за производство на околу 35 тони чоколадо за војниците, коешто кралицата директно го платила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот