Откриени нови меѓународни автопревозници без соодветни патни документи
Полициски службеници од полициската станица за граничен премин „Табановце“ е извршена контрола на четири патнички возила – комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.
Препорачано
– При контрола на возилата „мерцедес спринтер”, управувано од В.Т.(25) од Струмица, „мерцедес спринтер”, управувано од В.Н.(24) од Струмица, „цитроен”, управувано од С.С.(36) од Струмица и „мерцедес спринтер”, управувано од Г.Г.(32) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – велат од МВР.
Исто така, при контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42) од с.Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57) од с.Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43) од Струмица и Д.В.(39) од с.Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55) од Тетово и С.А.(48) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28) од Гостивар било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
Млад шофер од Струмица фатен на „Табановце“ без дозвола за меѓународен превоз


