ОТКРИЕНИ ДОСЕГА НЕПОЗНАТИ ДОКУМЕНТИ за ТИТО: Додека бил на смртна постела, во болницата се лумпувало!

Иако Јосип Броз Тито почина пред скоро 40 години, во јавноста се уште протекуваат нови, потполно непознати документи за неговиот живот. Овој пат, нови сознанија се пронајдени во подземните простории во Клиничкиот центар во Љубљана, иако се веруваше дека сите документи поврзани со неговото лекување се пренесени во Белград. Токму во тој центар, доживотниот претседател на Југославија ги помина последните месеци од неговиот живот.

Фото: Профимедиа

Според наводите од словенските медиуми, повеќето документи откриваат на што се се трошело и во каков луксуз Тито и неговиот персонал уживале додека престојувале во Клиничкиот центар. Така, еден документ открива дека во период од само еден месец, се изело 100 килограми свинско месо, 31 килограм „беби биф“ (бебешко говедско месо), 18 килограми буџола, над 15 килограми пршута, 90 килограми конзервирана шунка и 54 килограми банани, пренесува Јутарњи.хр.

Освен со мегаломански количини на месо, во болницата се „освежувале“ и со 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино.

Фото: Профимедиа

Листата не завршува ни тука. Според документите, во тој период биле исконсумирани и 700 торти, 200 ролати, 200 крофни и 150 пецива. Освен тимот кој се грижел за Тито, го посетувале и доктори од САД и Русија, кои имале и свои придружби. Познато е дека последните 64 денови од животот, Тито ги поминал во вештачка кома и на инфузија, така што најверојатно сета оваа храна и пијалаци биле нарачувани за целиот персонал.

Сите овие гозби биле вклучени во сметката на Тито, а чинеле 2 милиони и 100 илјади динари, кои на крај ги подмирила Социјалистичка Република Словенија, покрај обдукцијата на Маршалот која чинела 33.437 динари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот