Откажан концертот на Саша Ковачевиќ во Хрватска: Мештаните биле против

Фото: Инстаграм

Концертот на српскиот пејач Саша Ковачевиќ, кој требаше да се одржи на 24 октомври во свадбената сала во Бибиње, е откажан, објавија регионалните медиуми.

Пејачот нема да настапи во Хрватска поради несогласувањето на мештаните со изборот на изведувачите.

На официјалната страница на свадбената сала во Бибиње беше објаснето зошто е откажан настапот на Ковачевиќ.

„На големо жалење на нас како организатори, но и на голем број заинтересирана публика, ве известуваме дека сме принудени да го откажеме концертот на Саша Ковачевиќ, кој беше закажан за 24 ноември. ја донесовме оваа тешка одлука со нашиот избор на изведувач“, се вели во соопштението.

„Во нашиот бизнис се водиме од политика на транспарентна комуникација, почитувајќи ги ставовите и мислењата на жителите на општина Бибиње и другите мештани, поради чие несогласување ја донесовме оваа тешка одлука со нашиот избор на изведувачи. Ви благодариме за разбирање и се гледаме наскоро на нови концерти“, напишаа тие, додавајќи дека сите што веќе купиле билети ќе добијат целосна рефундација на средствата од билетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот