Фото: ТВ М-Нет ХД /Принтскрин

Откажан е ултрамаратонот на 63 километри во чест на загинатите во Кочани, полицијата не дала дозвола

„Ултрамаратонската трка „63км – вечна почит“, која требаше да се одржи на рутата Свети Николе – Штип – Облешево – Кочани во чест на 63-цата млади луѓе кои загинаа лани на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неделава била откажана, соопштија организаторите на социјалните мрежи.

Спортскиот настан требаше да биде дел од програмата за официјалното општинско одбележување на една година од трагедијата, но тој е откажан откако полицијата од Штип и Кочани не издала одобрение за одржување на трката, образложувајќи го тоа со неможноста да се обезбеди безбедноста на сите учесници.

Дел од пријавените учесници од другите делови на Македонија се револтирани од откажувањето и велат дека се изложиле за трошоци, платиле сместување, за да им биде кажано дека ултрамаратонот нема да се одржи.

За трката, според организаторите, се пријавиле 500 велосипедисти и десетина маратонци.

„Повеќе од се посакувавме да започнеме една иницијатива која ќе продолжи и во иднина и ќе не потсетува дека нашите 63 ангели нема да бидат заборавени. Ни се пријавивте повеќе од 500 велосипедисти и десетина маратонци. Но за жал не добивме одобрение и не ни беше гарантирана безбедноста кога ќе се движиме долж рутата од Штип до Кочани, па поради наша заштита и ваша безбедност, не сме во можност да го спроведеме зацртаното“, велат организаторите во објава на социјалните мрежи упатена кон пријавените учесници.

ВИДЕО | Власта можеше да ги прифати барањата, а не да нè прашува која е цената на нашите деца, вели мајката на диџејот за „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот