Фото: Архива

Отава официјално го прогласи Чарлс за свој крал

Канада денеска го прогласи Чарлс Трети за свој крал на свечена церемонија одржана во резиденцијата на генералната гувернерка во Отава, која како претставник на монархот во Канада во име на круната извршува должност шеф на државата.

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс автоматски стана крал на Обединетото Кралство и формален шеф на 14 други земји, вклучувајќи ја и Канада, која прогласи десетдневна жалост за смртта на кралицата.

Канада од 1867 година не е британска колонија, до 1982 година беше дел од Британското Кралство, а потоа остана членка на Комонвелтот, земјите од поранешната империја кои на чело на државата го имаат британскиот монарх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот