Осум лица повредени во сообраќајка на патот Лисичани – Пласница

Фото: МВР

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 23 часот и 45 минути на локалниот пат од село Лисичани кон село Пласница повредени се осум лица.

– Синоќа во 23:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локалниот пат од село Лисичани за село Пласница во близина на село Лисичани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од 17-годишник од Македонски Брод и патничко возило „опел астра“ со регистарски ознаки од Македонски Брод управувано од Н.Н.(19) од село Лисичани-кичевско, се наведува во денешниот билтен на МВР.

Во несреќата, како што информираат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Н., а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и шест сопатници од двете возила, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот