Осудените за убиството на Саздовски бараат да им се суди за насилство

Фото: МИА

Немале умисла. Се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело насилство. По настанот и смртта на оштетениот, се случија протести, имаше мешање на еден парламентарец. По овие случувања, предметот се смени за 360 степени.

Ова денеска во судница во скопска Апелација го изјави Насер Рауфи, адвокат на двајцата сега веќе осудени Бесир Бела (20) и Скендер Демири (21), двајцата од Скопје, во жалбената постапка за случајот во јавноста познат како „Саздо“. Рауфи исто така додаде дека и свирепоста напишана во пресудата на првостепениот суд била субјективна.

Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор, во своите излагања бара да се судат за делото што го направиле. За нив е неприфатливо квалификацијата на обвинителството дека станува збор за „убиство на свиреп начин”.

Јован Стефановски пак, обвинител од Вишето јавно обвинителство на Скопје од судот побара жалбите на одбраната да се одбијат и да се потврди одлуката на првостепениот суд според која Бела и Демири се осудени на 19 години казна затвор за свирепо убиство на Никола Саздовски, дело кое е сторено на 29 јуни 2018 година.

Третообвинетит во овој случај, Јетон Љужа откако избега кон крајот на септември годинава беше екстрадиран од Германија. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда.

Првично Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот