Осуденикот Агим Красниќи во бегство, вчера не се вратил во затвор Штип

Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА вели дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално  Красниќи сега се води како бегалец.

Осуденикот Агим Красниќи откако вчера не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуството и официјално се води како бегалец.

Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА вели дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално  Красниќи сега се води како бегалец.

Тој забележува дека изминатите години Красниќи има користено викенд отсуства и секогаш се враќал во затвор Штип на издржување на казната затвор. Немале никакви индиции дека Красниќи по ова викенд отсуство нема да се врати во затвор Штип.

Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште три.

Красниќи е осуден за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот