Оставките на Филипче и Хасани се доставени до премиерот и архивирани

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче / Фото: Принтскрин

Оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината на оставките не отстапува од она што веќе двајцата јавно го споделија, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Премиерот, рече Арсовски, веќе објасни дека проценката и одлуката по однос на поднесените оставки ќе ја базира, исклучиво на фактите од истрагата, согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.

– Очекувањата се тоа да се случи во следниот период. Премиерот, исто така, апелираше за брза и темелна истрага, изјави Арсовски.

Германските експерти, посочи Арсовски, се очекува да пристигнат деновиве и ќе бидат дел од понатамошната истрага.

– Истражните органи се независни од извршната власт. Ние како Влада, ги очекуваме тие податоци и апелираме за што побрза истрага и расчистување на случајот, изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагат на терен.

Прашан зошто е прекината градбата на три модуларни болници во Скопје, Арсовски, рече дека нема такви информации и ќе мора да ги провери.

– Она што е значајно е дека овие болници се безбедни и дека го зголемуваат капацитетот на инфективните одделенија. Тие беа и сѐ уште се голема поддршка за здравствениот систем во ваква криза. Ваквиот систем на поддршка се применува низ целиот свет во услови на пандемија, изјави Арсовски.

Пациценти, посочи тој, во моментов се хоспитализирани во модуларните ковид одделенија во болниците во Гевгелија, Кичево, Штип, Куманово, Струга, Гостивар, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, Струмица и на Клиниката во Скопје.

Извор: МИА

Заев: Чувство за морална одговорност има, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот