Оставки на британски министри, откако Риши Сунак стана премиер

Риши Сунак / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Тројца министри во британската влада денеска поднесоа оставки, неколку часа откако Риши Сунак, новиот лидер на Конзервативната партија, стана премиер.

Сега кога се очекува тој да почне да именува членови на новата влада, оставка поднесоа министерот за правда Брендон Луис, министерот за економија и енергетика Џејкоб Риз – Мог и министерката за труд Клои Смит, jaви Би-би-си.

По хаотичниот шестнеделен премиерски мандат на Лиз Трас, Конзервативната партија настојува да се консолидира и да го запре падот на нејзината популарност.

Покрај борбата против економската криза, што беше означена како приоритет, Сунак ќе се обиде и да ја врати разнишаната доверба на гласачите во Конзервативната партија, што е на власт од 2010 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот