Осмолигашот Марин има одбрана публика, хартиениот Клоп го гледа Тотенхем

принтскрин

Освен шокантната елиминација на Лидс од ФА Купот, главна фудбалска вест на денот е осмолигашот Марин и пречекот на Тотенхем во Ливепрул.

Марин загуби од Тотенхем со 0:5 во третото коло од ФА купот, а осмолигашот достојно се претстави во првите десетина минути од натпреварот кога ја погоди и пречката.

Потоа следеше потоп и четири гола во нивната мрежа, Карлос Винисиус постигна хет-трик, а четвриот гол во првото полувреме го постигна Лукас Моура. Натпреварот кој се играше во Ливерпул освен на фудбалерите и навивачите на Марин, фантастични спомени ќе има и 16-годишниот Алфи Девин кој го постигна својот прв гол во префесионалниот фудбал. Девин го постави конечниот резултат (0:5) и со 16 години и 163 дена е најмлад стрелец во историјата на Тотенхем.


Сепак, вест на денот е Марин и случувањата кои му претходеа на натпреварот. Екипата која победи на седум натпревар пред да добие можност да игра против Тотенхем, одлучи во продажба да пушти виртуелни влезници со цел да ги покрие загубите поради неможноста средбата да се игра пред навивачи.


Идејата беше да се продадат 6.000 виртуелни влезници, но кога во акцијата се вклучија и навивачите на Тотенхем за да помогнат, бројката е надмината. На еден час пред почеток на натпреварот беа продадени 20.000 влезници по цена од 20 фунти.

Интересно е што клубот најави и наградна игра за сите кои купиле влезници, еден среќен добитник ќе има можност на пријателски натпревар да биде менаџер на Марин. И самиот менаџер на Тотенхем му помогна на Марин купувајќи влезница, но најави дека нема да може да ја преземе наградата доколку биде избран.


Интересно е што поради корона протоколите, фудбалерите на Тотенхем не можеа да ја користат соблекувалната на самиот стадион па на користење добија паб кој се наоѓа до самиот терен.


Навивачите сепак најдоа начин како да го проследат дуелот на осмолигашот Марин против Тотенхем, тие ги окупираа терасите од куќите  кои се наоѓаат покрај стадионот. Покрај трибините се најде и картонски лик на менаџерот на Ливепрул, Јирген Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот