Османи во посета на Туркменистан

Бујар Османи - министер за надворешни работи / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи и претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, по реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, во рамки на обиколката на Централна Азија, денека ќе престојува во работна посета на Туркменистан.

Како што соопшти МНР, посетата на Туркменистан е во рамки на остварувањето на дел од главните заложби од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и поддршка на работата на теренските операции на ОБСЕ во земјите-учеснички од Централна Азија (ЦА).

Османи во Ашгабат, ќе има средби со претседателот на Туркменистан, Сердар Бердимухамедов, министерот за надворешни работи, Рашид Мередов со кого ќе има и прес-конференција, Гурбангули Бердимухамедов, претседателот на Народниот совет на Туркменистан и Дунјагозел Гулманова, претседателка на Парламентот. Покрај со државниот врв, Османи ќе има средби и со граѓански организации, претставници на Центарот на ОБСЕ во Ашгабат и резидентни амбасадори на земјите-учеснички на ОБСЕ како и партнери од други меѓународни организации.

-Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од Централна Азија е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина. Исто така, регионот на Централна Азија е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од овој регион за соодветен одговор на ситуацијата во насока на ублажување на ризиците за неговата стабилност, стои во соопштението од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот