Османи пред Венецијанската комисија го образложува владиниот став по препораките за Законот за јазиците

Вицепремиерот Бујар Османи денеска на сесија пред Венецијанската комисија ќе го претстави ставот на Владата дека Законот за употреба на јазиците е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава.

Ова Османи го напиша претпладнево на Фејсбук пред заминувањето.

-На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор, но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава, наведува Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот