ВИДЕО | Османи: Очекувам извештајот на ЕК да ја потврди добрата насока на Македонија

Бујар Османи, министер за надворешни работи / Утрински брифинг

Денеска се објавуваат извештаите на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за влез во ЕУ. Вечерва комесарот за проширување Оливер Вархеји ќе го претстави извештајот. Ова вклучува проценка за напредокот во реформите со заклучоци и препораки за седумте земји за кои се прави овој извештај, а меѓу нив е и РС Македонија. За ова денес во „Утрински брифинг“ разговаравме со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Содржината на извештајот е се уште под ембарго, но имаме увид. Овој увид помалку се осврнува на амбиентот кој е ваков изборен. Во него се дава увид во тековната година и дава препораки. Има нова методологија според која извештај даваат и амбасадорите на земјите членки во земјата. МНР е во комуникација со нив. Очекуваме дека извештајот ќе биде позитивен и ќе процени дека има континуитет во напредокот и посветеноста на реформите. Очекувам и во однос на кластерите по области да има напредок. Очекувам дека Комисијата ќе ги потврди и напорите што ги вложивме за решавање на односите со Софија. Одиме низ опасен терен а знаеме дека без европскиот кредибилитет овој регион може да завлезе во опасни води. Очекувам нотирање на успешниот попис и демократските избори, кои поминаа без инциденти што е знак за сериозна демократска држава и е многу тешко да се изведе во мултиетничка држава, вели министерот Османи.

Во врска со односите со Бугарија, која е членка на ЕУ и чиешто мислење има влијание за нашиот евроинтеграциски пат Османи вели дека разговорите продолжуваат.

– Непредвидливоста на Бугарија ни предизвикува проблем. Правевме планови за првите, вторите, третите избори во Бугари но неизвесно е дали ќе имаат политичка влада. Сега има мал застој во разговорите, но за неколку дена ќе има средба на заедничката комисија, по што ќе следи средба, четврта по ред, меѓу двете МНР, а ако има напредок ќе се сретнеме на министерско ниво, вели Османи за односите со Бугарија, вели Османи.

Во врска со веста дека на 83 затвореници им е дадено оружје на денот на изборите, што како пријава до Јавното обвинителство го објави Американската амбасада во Скопје, Османи вели:

– Американската администрација е многу чувствителна на изборите и човековите права, особено што многу инвестираа во РС Македонија. Не им земаме за зло што добронамерно превентивно реагираат за тоа, вели Османи.

Необично во оваа ситуација беше што најавата се случи јавно, а обично оди преку дипломатски канали.

– Ако е тоа во насока да се предупредат сите учесници во изборниот процес, тогаш е добро. Подобро е да се превенира, вели Османи.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Ексклузивно дел од ЕУ извештајот: Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот