Оскаровката сосема искрено: Што ќе ми е маж во животот?

Славната актерка изјави дека нема „ниту состаноци, ниту бакнежи“ во нејзиниот живот веќе 35 години.

Актерката Дајан Китон изјави во едно интервју дека веќе скоро четири децении не била на љубовен состанок, и дека не и фали маж во животот.

„Имам 73 години и не одам на состаноци. Никој не ме ни вика. Буквално никој, разбирате? Не сум излегла со никој веќе 35 години. Имам мажи, кои ги сметам за пријатели, но немам ништо со нив“, изјави таа.

„Никогаш не сакав да се омажам, да бидам нечија жена. Имам толку години и мислам дека сум единствена од својата, можеби дури и од претходната генерација, која е сингл цел живот. Не мислам дека сум тажна поради тоа, навистина сум среќна што никогаш не се омажив“, изјави таа.

Сепак јавноста ги памети нејзините врски, пред повеќе децении беше со актерките како што се Ал Пачино, Ворен Бити, Вуди Ален…

„Кога бев млада, сакав да ме сакат сите тие извонредни актери. Не требаше да дозволам да ме заведе талентот. Кога и двајцата се занимавате со иста работа, не е тоа баш сјајно. Требаше, можеби, да пронајдам некој супер маж кој би сакал семејство“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот