Оскаровецот Хоакин Феникс на дело – Спаси крава и теле од кланица (ВИДЕО)

Актерот и оскаровец Хоакин Феникс (45) ја посетил кланицата „Manning Beef” во Калифорнија и разговарал со директорот Ентони Ди Мариа за начинот на кој се третираат животните и целата индустрија.

Актерот кој воедно е веган и голем поборник за заштита на правата на животните,  по трогателниот говор на Оскарите, кажаното го спровел и на дело. Двајцата разговарале за производството на месо и за третманот на животните.

По разговорот, Феникс си заминал со крава и нејзиното мало новородено теле, кои ги спасил од страшната судбина.

Феникс се погрижил двете животни да бидат сместени на фарма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот