Осака се врати на терените по 16 месеци пауза и победи во Бризбејн

Фото: EPA-EFE/JONO SEARLE

По 16 месеци пауза Наоми Осака се врати на терените на ВТА турнирот во Бризбејн и ја совлада Германката Тамара Корпач во два сета со 6:3 и 7:6.

Поранешната најдобра тенисерка зад себе има еден неверојатен турбулентен период. За Псака ова беше прв меч по 16 месеци и прва победа по август 2022 година.

Тешко е да се каже дека ова е најава за добра форма на Осака, но сигурно дека во победата против 83. тенисерка во светот имаше многу позитивни работи. Првиот сет Осака го доби со два брејка без да и дозволи на противничката ниту една брејк топка, додека вториот го доби во тај-брејк.

Во следниот меч би можеле да се видат вистинските можности на Осака бидејќи во второто коло ќе игра против Каролина Плишкова која во овој момент е 16. тенисерка на ВТА листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот