Орбан ограничи продажба на книги за деца што прикажуваат хомосексуалност

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се ограничува продажбата на книги за деца што прикажуваат или се однесуваат на истополовите односи, јави ДПА.

Уредбата, објавена во Службениот весник на земјата, е во согласност со контроверзниот закон со кој се забранува рекламирање во кое луѓето од ЛГБТ заедницата се прикажани како нормални членови на општеството, пренесува германската новинска агенција.

Парламентот, во кој доминира десничарската партија Фидес на Орбан, го одобри законот во јуни.

Тој беше критикуван како отворена цензура, а Европската комисија смета дека законот е дискриминаторски и презеде правни дејствија против Унгарија.

Новиот декрет вели дека книгите за деца кои „прикажуваат отстапување од родовиот идентитет од раѓање или промена на полот или самонамерна сексуалност, како и прикажување или популаризирање на хомосексуалноста” не смеат да се прикажуваат на излозите на книжарниците или да бидат видливи во продавниците. Таквите „навредливи” книги исто така не смеат да се продаваат на 200 метри од училишта или црквите. Тие мора да бидат понудени во пакување што ја прави корицата непрепознатлива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот