ВИДЕО: Торнадо во Небраска, најмалку три жртви, загинатите се уште се бројат

Фото Твитер

Невремето досега однесе најмалку три жртви во американската сојузна држава Небраска. Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот. Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ територијата на Небраска, Ајова и Тексас, јавуваат американските медиуми.

. Социјалните мрежи објавуваат видеа од невремето што се уште беснее во САД.

 

Како што пишуваат медиумите досега регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.

Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.

Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.

На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.

 

 

Торнадото оштети стотици куќи и други згради, а околу 10.000 потрошувачи во областа останаа без струја, пренесува АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот