Општина Тетово: Доведен е во прашање наставниот процес, Владата одлучи да ги намали блок дотациите за основните училишта

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Секторот за јавни дејности при Општина Тетово со реакција на како што велат одлуката на Министерството за образование и наука околу намалувањете на блок дотациите за тетовските основни училишта.

„МОН наместо да се фокусираа на подобрување на квалитетот на образованието и да обезбедат доволно ресурси за ефективно образование, тие го намалуваат буџетот за нормално функционирање на основните училишта во Општина Тетово.Со буџетот што го планирате вие, всушност го потценувате образованието и нашите ученици. Ова е сериозно нарушување на довербата што ја добивте за да го водите образованието во вистински правец.Намалувањето на буџетот (блок дотации) за 2024 година за основните училишта за околу 18 милиони денари, е драстично и нема да биде доволно ниту за одржување на наставниот процес во нашите училишта“, изјави Назми Даути раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

И покрај тоа што сме на крајот од првото полугодие од учебната година, Министерството за образование се уште ги нема обезбедено потребните книги за правилно функционирање на образовниот процес, додадоа општинските власти.

„На оваа прес-конференција го повикуваме Министерството за образование и наука да го промени начинот на менаџирање и да се фокусира на постигнување на највисоките стандарди за квалитетно образование. Вие сте одговорни за нашата образовна иднина и не смеете да дозволите да има пречки на патот кон развојот и образованието на нашите ученици“, дополни Даути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот