Општина Охрид најави сеча на 65 дрвја во центарот, екологистите реагираат: Зарем сите се болни?

Општината планира да го исече дрворедот поради реконструкција на улицата „Македонски просветители“ / фото: Чист Охрид/Фејсбук

„Додека денеска продолжи проектот за

Општината планира да го исече дрворедот поради реконструкција на улицата „Македонски просветители“ / фото: Чист Охрид/Фејсбук

, локалната самоуправа излезе со соопштение до јавноста во кое се вели дека ќе се отстранат 49 липи и 13 костени, додека 10 млади стебла јавор ќе бидат пресадени на друга локација“, пишува на Фејсбук еколошкото здружение Чист Охрид.

„За отстранувањето на дрворедот било донесено решение пред само два дена, а се образложува дека тие се „дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрвја кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната состојба“. Оттука, јавно прашуваме, дали сите дрвја се заболени? Дали за секое дрво поединечно била утврдена состојбата од стручни лица по излегување на терен?“, велат екологистите.

Општината планира да го исече дрворедот поради реконструкција на улицата „Македонски просветители“ / фото: Чист Охрид/Фејсбук

„Одбиваме да веруваме дека целиот дрворед е во таква состојба, па оттука, ако постои документација, заедно со решението би требало да бидат предадени на увид на јавноста. Но, тука се наметнува уште едно прашање, дали се водело воопшто грижа за третирање на овие дрвја за да не се најдат во таква состојба, па да мора да се отстрануваат? Јавноста вчера бурно, но и со право реагираше за планот за отстранување на дрворедот кој е еден од малкуте во градот кои нудат сенка и се на еден начин бели дробови на урбаното градско подрачје. Како општество мораме да се погрижиме и да се адаптираме на природата во услови кога се соочуваме со се поголема бетонизација и климатски промени кои веќе ни чукаат на врата. Секое дрво е важно!“, се вели во реакцијата на Чист Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот