Општина Охрид го слави патронот на градот – Свети Климент Охридски

Празнување на Свети Климент во Охрид/Фото: МИА

Со поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон” на Плаошник и полагање цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад денеска во Охрид продолжуваат чествувањата на заштитникот на градот Свети Климент Охридски.

Пред спомен обележјето на основоположникот на Македонска православна црква, писменост и култура цвеќе положија делегации на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, од збратимени градови од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, претставници на амбасади, политички партии, здруженија на граѓани, Сојузот на борци и други почитувачи на ликот и делото на Свети Климент.

На прво наградените ученици Славјан Митаноски, Симона Димитриеска и Марија Наумоска на ученичкиот конкурс за најдобра поетска творба посветена на Свети Климент Охридски, градоначланикот Пецаков им ги врачи наградите.

Програмата за одбележување на патронот на градот Охрид ќе заврши вечерва со настап на Македонските фолклорни ансамбли во чест на Свети Климент Охридски на големата сцена во центарот за култура „Григор Прличев”.

Во рамките на чествувањата синоќа беше одржана свечена академија на која беа врачени највисоката општинка награда „Свети Климент Охридски” на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Свети Наум Охридски за неговите заложби за уредување на манестирскиот комплекс и промоција на Охрид и повелбата – Патрон на градот „Свети Климент Охридски” на четворицата добитници: Димче Каневче, Летка Филипова и здруженијата за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балкан медиа” и за мултиркултурна интеграција „Инклузија” за нивната хумана дејност. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот