Општина Кисела Вода прогласи Ден на жалост за поранешната градоначалничка Билјана Беличанец

Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана поради смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. На седницата едногласно се донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.

Со одлуката се откажуват сите културни, спортски, забавни и други манифестации.

– Денеска на дневниот ред на седницата имаме само една точка, а тоа е утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост во Општина Кисела Вода по повод прераната смрт на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. Како претседател на овој мандат на Советот на Општината, лично не ја познавав многу Билјана Беличанец. Неколку пати сме се сретнале, неколку пати сме поразговарале и мојот впечаток беше дека се работи за интересна и харизматична личност со многу идеи и желба да ги направи работите подобри. Врвна актерка, со богата биографија. Со нејзиното заминување загуби многу и македонскиот театар и нејзините колеги, актерите и публиката. Изгубивме сите ние. Од име на сите присутни тука, сакам до нив да упатам најдлабоко сочувство за нивната загуба –  кажа пред присутните претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

Градоначалникот Филип Темелковски најави иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот