Опожарена куќа во Куманово, гореле стрниште и слама во Старо Нагоричане

Густиот и црн чад се проширува над целата површина од градот и може да се види од повеќе километри оддалеченост.

Три интервенции бележат противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане за изминатава ноќ, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Кумановската противпожарна единица интервенирала на опожарена куќа, додека пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе пожари запалено стрниште и сува трева во атар на село Драгоманце и на слама во село Канарево.

– Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше од 23.33 до 00:45 на запалена куќа спроти ресторанот „Корнер”. На пожарот интервенирано било со едно возило и пет пожарникари, соопшти РЦУК.

Противпожарната единица на Старо Нагоричане гасела пожари интервенирала во село Драгоманце на запалено стрниште и сува трева во периодот од 12:00 до 13:00 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

– Втората интервенција е во село Канарево на запалено копа од слама во периодот од 13:00 до 15:00 часот каде учествувале со противпожарно возило и двајца пожарникари, соопшти РЦУК Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот