Опасен тренд за слабеење кој кружи на интернет!

Фото: Профимедиа

Помагалото за слабеење во облик на цевка е всушност наменето за предизвикување на повраќање и го привлече вниманието на лекарите кога се појавила девојка која случајно ја голтнала таа цевка.

Во почетокот, младата Кинескиња тврдела дека проголтала сламка. На лекарите им била сомнителна таа приказна, бидејќи објектот се наоѓал премногу длабоко, па ја пратиле на радиографија за гастроинтестиналниот тракт.

Била откриена 30 см долга цевка, со радиус од 2 см, многу поголема од сламка, која се заглавила во хранопроводникот. Ренгенот покажал дека цевката се протегала се од грлото, па до желудникот чие ткиво го притискала.

Девојката конечно признала кога се соочила со фактите, а подоцна и кажала дека цевката ја купила на интернет како справа за повраќање која ќе ѝ помогне во слабеењето.

После конзумирање на храната, редовно ја ставала цевката во хранопроводникот за да предизвика повраќање, се додека еден ден не ја проголтала.

Цевката била отстранета со лапароскопија, а со дополнителна гастроскопија лекатите воочиле чирови на ткивото од желудникот и хранопроводникот.

Докторот Занг Ханју, заменик директорот на брзата помош, истакнал дека овие цевки за повраќање се популарни помеѓу младите девојки од Кина кои бараат екстремни начини за слабеење и предупредува дека нивната употреба носи многу ризици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот