Онлајн-платформа: „Синесквер“ со бесплатна филмска колекција

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од 200+ бесплатни филмови преку сопствената домашна онлајн видеотека „Синесквер“ (Cinesquare).

До крајот на месецот преку платформата бесплатно ќе може да се гледаат играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови само со регистрација на cinesquare.net или на Андроид-апликацијата.

– Колекцијата е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти, со цел да одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период, која ќе може квалитетно да исполни дел од своето време дома преку содржини што не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот – велат од „Катавеј“.

Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови, меѓу кои и на македонски јазик. Платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код. „Синесквер“ е онлајн видеотека за изнајмување филмови базирана врз системот „видео на барање“ (Video on demand).

Платформата е активна во 13 земји од регионот и е фокусирана претежно на европскиот независен филм.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 26, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-12 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот