ОН ја усвоија руската резолуција: Ќе се зајакнува системот на договори за контрола на оружје

Фото: Принтскрин

Генералното собрание на ОН ја усвои поднесената резолуција од страна на Русија за зајакнување на системот на договори за контрола на оружјето.

Резолуцијата е насловена како „Зајакнување и развој на системи на договори и акти за контрола на оружјето, разоружувањето и неширењето”. Во неа се повикуваат сите држави потписнички на релевантни документи целосно да ги спроведат условите утврдени во актите.

Нагласено е дека со тоа ќе се поддржи глобалната стабилност и меѓународната безбедност.

Авторите на резолуцијата апелираат до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да продолжи со поддршка на одржувањето на интегритетот на таквите договори и да се поттикне развојот на дополнителни мерки од страна на државите, што ќе доведе до потпишување на нови договори од сличен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот