Олимписките игри ќе се одржат дури и да има вонредна состојба во Токио

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Претставник на организацискиот одбор потврди дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат по секоја цена.
Игрите во Токио поради пандемијата на коронавирусот беа одложени за една година и наместо минатото лето, ќе се одржат ова лето иако пандемијата на коронавирусот им прави огромни проблеми на Јапонците.

Во последниот период бројот на заразени од коронавирус во Јапонија се зголемува, а исто така се зголемува и отпорот на населението за ново одложување на Игрите.
Но, од организацискиот одбор ја уверуваат јапонската јавност дека нема да има ново одложување и дека најдобрите спортисти на светот од 23 јули до 8 август ќе бидат во Токио.

– Олимписките игри ќе се одржат дури и доколку во Токио биде воведена вонредна состојба. Во олимпиското село преку 80 проценти од спортистите ќе бидат вакцинирани – изјави потпретседаделот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Џон Коутс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот