Олимписки шампион во дворот скока како на стадион! (ВИДЕО)

фото: твитер

Лавилени, неодамнешен носител на рекорд во скокови со стап, во период на изолација направи сè што е потребно во неговиот двор.

За разлика од многу спортисти, Рено Лавилени (33) не е принуден да импровизира во својот дом или двор за да продолжи со тренинзите.

Лавилени кој беше олимписки шампион во текот на својата кариера и неодамнешен носител на рекорд во скокови со стап, направи сè што е потребно во неговиот двор.

Францускиот атлетичар успеа да скокне од 5,61 метри, што е одличен резултат доколку се земе во предвид многу пократниот залет отколку на стадион.

За време на неговата кариера, најдобриот резултат на Лавилени е 6,16 метри, а според неговите тврдења, тој може да прескокне и висина од 5,58 метри во дворот.

Успеа да освои олимписко злато во 2012 година на Игрите во Лондон, додека четири години подоцна во Рио де Жанеиро беше втор. Воедно има уште по три титули европски и светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот