Окта со 50 илјади евра поддршка за здравството

Со парите ќе биде набавен видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи.

Преку донација на медицинска опрема во вредност од 50 илјади евра наменета за здравствениот систем во земјава компанијата ОКТА дава придонес во борбата со епидемијата предизвикана од корона вирусот.

Донацијата предвидува набавка на еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Од компанијата посочуваат дека во целост ги почитуваат препораките на надлежните институции за превенција од ширење на коронавирусот и секојдневно го следи развојот на настаните, истовремено обезбедувајќи непрекинато снабдување со гориво на државата во овие моменти на криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот