ОЈО бара притвор за насилен скопјанец кој си ја претепал мајката

Затвор/ Фото: Профимедиа

Основното јавно обвинителство од Скопје започна истрага против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело тешка повреда. ОЈО тврди дека сега осомничениот на 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, при семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка.

„Тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа. Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“ велат од ОЈО.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот