ОЈО бара притвор за двајца крадци

Како што информираат од МВР по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Основното јавно обвинителство започна истрага против две лица на возраст од 28 и 30 години, за кои постои основано сомнение дека на 2 овој месец влегле во маркет во скопското село Сандево и со закана со нож вперен кон вработената, одзеле 36.600 денари.

„Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот