ОЈО бара нов притвор за насилникот кој истепа малолетно девојче

Од ОЈО велат дека насилниот скопјанец веќе е обвинет за кривично дело насилство.

Скопскиот јавен обвинител бара да му се продолќи притворот на 64-годишниот скопјанец кој на 23 миантиот месец истепа 14-годишно девојче.

Од ОЈО велат дека насилниот скопјанец веќе е обвинет за кривично дело насилство. Како што пишува во актот, тој на на 23 јануари, извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години.

„Оштетената со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот. На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата.

Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци.

За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и 1,5 година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот