ОЈО бара казна за 21 лице во Скопје кои го прекршиле полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парична казна од по 100 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 21 лице за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење, донесена со цел сузбивање и спречување на ширењето на заразна болест. Во часовите кога движењето е забрането, тие биле затекнати на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители за секој од обвинетите предложија парична казна од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот