Охриѓанката Нацева донира маски, ракавици и дезинфекциски средства за полицајците

Претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид, но и портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски, објави дека Елица Нацева од охридското село Подмолје, се вклучува во иницијативата на ИПА Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници.

Тој вели дека нејзиниот хуман гест е исклучително значаен, бидејќи Елица, од својата скромна пензија, одлучи да издвои парични средства и преку ИПА Регион Охрид, на полициските службеници да им подари 100 високо квалитетни и повеќенаменски заштитни маски, како и 200 заштитни ракавици, вели Димоски.

Елица Нацева истакнува дека во знак на солидарност, донирам мала помош но од срце и со голема почит и поддршка кон полицајците кои, покрај лекарите и војниците, и по цена на нивното здравје, дење и ноќе се ангажирани да придонесат за поголема заштита на нас граѓаните од коронавирусот, вели таа.

Димоски доваде дека деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници на терен кои преземаат бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

-Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Северна Македонија и светот, овој голем хуман и солидарен гест на Елица Нацева е вреден за почит. Донацијата ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни маски и заштитни ракавици и ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа но и за зачувување на нивното здравје, додава Димоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот