ОГРОМНО ПРИЗНАНИЕ: Британскиот Independent ја стави „Молитва“ во 10 најдобри евровизиски победнички песни на сите времиња

Марија Шерифовиќ во 2007 ја однесе победата во Србија со евровизиската песна „Молитва“, а сега доби и признание од британските медиуми.

Порталот „Independent“ објави листа на која се наоѓаат песни од Евровизија од најлоши до најдобри. Марија со песната „Молитва“ се најде во листата Топ 10 најдобри евровизиски победнички песни на сите времиња.

Тие нејзината песна ја опишаа како високодраматична балада, а го пофалија и сценскиот настап.

Потсетете се на прекрасната песна и изведба од Марија Шерифовиќ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот