Ограбен домот на битолски печалбар

Во период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело тешка кражба.

 

„Во периодот меѓу 23.02.2020 година и 12.07.2021 година, двајцата осомничени соизвршители провалиле во заклучен стан чиј сопственик подолго време не можел да се врати во државата од САД поради пандемијата на КОВИД 19. Во претсобјето на станот на улицата „Борис Бастеро“ во Битола ги пронашле клучевите од  станот и од гаражите, па во повеќе наврати се враќале и одземале предмети, меѓу кои шест бас гитари, автомобил „Порше кајман С“ и автомобил „БМВ Х3“, спортски седишта „Порше“ и други предмети, со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист во вредност од 4.522.457 денари. При претрес, шесте одземени гитари биле пронајдени и вратени на сопственикот, додека се преземаат дејствија за пронаоѓање и на останатите предмети. Притоа едниот осомничен е лишен од слобода, додека другиот е во бегство“, велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена, а за осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​

Приведен крадец баран со потерница за четири дела

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот