ОФИЦИЈАЛНО: Олимписките игри во Токио ќе стартуваат на 23 јули 2021 година

Тоа што беше најавено пред неколку дена, денеска стана и официјално, Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август наредната година.

Идејата на претседателот на ИОК, Томас Бах, игрите да се одржат идната пролет не науде на доволна поддршка и поради тоа е прифатен терминот кој го предложија организаторите.

како што известуваат јапонските медиуми, на услогласување на новиот термин на одржување на Игрите работеа ИОК, организаторот на Игрите и градските и државните власти во Токио.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август годинава, но поради пандемијата на коронавирусот, тие се одложени за наредната година.

Интересно е што Игрите ќе го задржат своето официјално име, Олимписки игри Токио 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот