Официјално: Ангеловски останува селектор на репрезентацијата!

Фото: ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски ги договорија условите за продолжување на договорот на Игор Ангеловски на селекторското место во нашата најдобра репрезентација.

Предводникот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски ќе биде на позицијата селектор до декември 2020. година.

Фото: ФФМ

Досегашниот договор со Ангеловски беше со важност до ноември оваа година.

Репрезентацијата ја очекува полуфинале во Лига на нации во март за пласман на ЕУРО 2020, доколку нашата најдобра селекција не се избори за Европското првенство преку тековните квалификации.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Ветува дека во иднина ќе го дава максимумот со цел репрезентацијата да напредува, како што доликува на квалитетот на фудбалерите кои ги имаме во своите редови.

– Следните предизвици ќе бидат уште потешки, но верувам во себе и во квалитетите на фудбалерите. Тие се најзаслужните за резултатите и се надевам дека заеднички на крајот ќе ја оствариме толку посакуваната цел и ќе славиме пласман на големо натпреварување – изјави селекторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот