Николов и Трајковски се приклучија на подготовките

Фото: ФФМ

Фаворитите во нашата група, Полска и Австрија гостуваат на нашиот најголем стадион.

На првиот дел од подготовките на репрезентацијата денеска се приклучија фудбалерите на МОЛ Види и Палермо, Бобан Николов и Александар Трајковски.

Дефанзивецот во составот на Игор Ангеловски, Стефан Ристовски вели дека во овие квалификации македонската репрезентација има јасна цел, а тоа е да се бориме за висок пласман во групата.

Фото: ФФМ

-Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени – изјави Ристовски.

Дефанзивецот на Спортинг вели дека добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но во овие квалификации целта е висок пласман и што повеќе бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот