Официјално: Земур влегува во претседателската трка против Макрон и Ле Пен

Ерик Земур
Ерик Земур/ ФотоEPA-EFE/BERTRAND GUAY / POOL MAXPPP OUT

Ерик Земур по повеќенеделни шпекулации потврди дека влегува во трката за претседател на Франција на изборите што ќе се одржат во април следната година.

Овој политички новинар, есеист и писател, често споредуван со Доналд Трамп, се надева дека ќе успее да ја заживее својата кампања, откако дури и неговите поддржувачи го советуваа да промени нешто во неговите јавни настапи.

Веднаш штом се појави како еден од потенцијалните кандидати, Земур доживеа силен раст на анкетите, но сè брзо се промени откако долгогодишните соработници го напуштија, а неговите говори не ги исполнија очекувањата. Според последните анкети на Политико, Земур е само на третото место, далеку зад Макрон и Ле Пен.

Најниска точка овој десничарски ТВ новинар доживеа минатиот викенд кога беше снимен во Марсеј како им покажува среден прст на демонстрантите.

 

Првиот официјален митинг како претседателски кандидат Земур ќе се одржи во недела во Париз и неговиот штаб се надева дека тогаш ќе ја покаже сета своја сила.

Земур е личност која користи запалива реторика за мигрантите и исламот и е обвинет за поттикнување поделби во Франција.

Тој го окупираше медиумите со неговите контроверзни погледи за миграцијата, што е едно од клучните прашања на овие претседателски избори. Тој, исто така, предложи повторно воведување на католички имиња за децата родени во Франција за да се подобри интеграцијата. Тој најави и дека се залага за депортација на сите странски деликвенти.

Подемот на Ерик Земур: Трката за наследник на Макрон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот