Официјално: Кике Сетиен нов тренер на Виљареал

Фото: Villarreal CF/Twitter

Виљареал пред неколку дена остана без Унаи Емери кој се врати во Премиер лигата на кормилото на Астон Вила каде што го наследи Стивен Џерард. Во таква ситуација „жолтата подморница“ мораше брзо да пронајде нов стратег.

За наследник на Емери Виљареал го избра Кике Сетиен, поранешниот стратег на Барселона. Договорот кој го потпиша Сетиен со Виљареал има важност до крајот на слеедната сезона. Веќе денес искусниот стратег ќе го има првиот тренинг со новиот тим по што ќе следи и официјалната прес-конференција за медиумите.

Низ кариерата Сетиен ги водеше Расинг Сантандер, Екваторска Гвинеја, Полиехидо, Логроњес, Луго, Лас Палмас и Бетис. Нема сомневање дека Барселона беше најголемото достигнување на овој стратег во 2020 година, сепак не се прослави и брзо заработи отказ на „Ноу Камп“.

Инаку, токму со 64-годишниот стратег Баерн ја победи Барселона со историските 8:2.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот